Ерменски спортист загина во војната во Нагорно Карабах

Повеќекратниот првак во кревање товар на Ерменија, Татул Харутјунјан, трагично го загуби животот во борбите во Нагорно Карабах. Тој по примерот на многу други спортисти, тргна во војна против Азербејџанците по прогласувањето на воена состојба во Ерменија.

Регионот Нагорно Карабах се наоѓа во Азербејџан, но во него живеат претежно Ерменци. Воениот судир помеѓу двете соседни земји трае десетина дена и борбите се интензивираат.

 

Се вчитува...