Ерменците од денеска во Скопје без тројца важни играчи Харојан, Бајрамјан и Барсегјан

Ерменската репрезентација денеска пристигнува во Скопје каде ќе ги реализира подготовките за квалификацискиот натпревар со Македонија кој се игра на 2. септември од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ерменците во Скопје ќе бидат без тројца важни играчи централниот дефанзивец Вараждат Харојан од Кадиз, левото крило Корен Бајрамјан од руски Роштов и поранешниот напаѓач на Вардар а актуелен фудбалер на казахстанска Астана, Тигран Барсегјан.

Тројцата фудбалери, интересно, постигнаа четири од досегашните шест погодоци за Ерменија во квалификациите за СП 2022. Сепак, отсуството на Бајрамјан ќе биде надополнето со враќањето во репрезентацијата на најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мкхитарјан, а за офанзивата место Барсегјан во комбинација се Давидјан или Шагојан.

Ерменија по три одиграни натпревари во досегашниот тек од квалификациите е на првото место со исто толку бодови, пред Македонија која има шест бода по победите над Германија и Лихтенштајн, и поразот од Романија во Букурешт.

Се вчитува...