Еуро Никел до лесни бодови во „Кале“

Еуро Никел прокнижи нови бодови на прволигашката табела по вечерашниот рутински триумф на гостувањето против Вардар (68-94). „Црвено-црните“ се надеваа на нова радост по премиерниот триумф над Црн Дрим, но немаа сили да го изненадат фаворитот, кој знаеше како да го контролира резултатот во текот на 40-те минути игра.

Вардар поведе со 7-0, но тоа беше се што избраниците на Јованчев успеаја да сторат, Еуро Никел експресно израмни на 7-7, по што ја доби првата четвртина со 18-25. Кошаркарите на Горан Самарџиев потоа беа подобар ривал и во вториот период, на одмор заминувајќи со двоцифрена предност од 36-46. Преостанатите 20 минути минаа во апсолутна контрола на гостите од Кавадарци, кои на крајот заслужено стигнаа до убедлива победа.

Центрите одиграа клучна улога кај победничкиот тим, Казарновски ги предводеше стрелците со 24 поени, Мијатовиќ реализираше 19 поени, додека кај Вардар најефикасни беа Лефкоски и Дујковиќ со по 16 поени.

Се вчитува...