Еуро Никел до рутинска победа против Кожув

Кошаркарите на Еуро Никел стигнаа до лесен триумф на домашен терен над Кожув (78-63) во 17. коло од кошаркарската лига на Македонија. Кавадарчани одлично го отворија натпреварот, особено во фазата на напад и по првите десет минути имаа предност од седум поени 24-17.

Во втората четвртина се играше во егал, и гостите од Гевгелија успеаја да ја добијат со два поени и на пауза да заминат со негатива од (37-32). Избраниците на Самарџиев одиграа одлично во третиот период по кој првпат стигнаа до двоцифрена предност од 58-48.

До крајот рутински го приведоа мечот за конечни 78-63. Дарко Соколов со 16 и Кирил Николовски со 14 беа најдобри поединци кај победникот, додека кај поразениот тим Бродвеј заврши со 17 поени.

Се вчитува...