Еуро Никел доминантен против Ангели за крај на регуларниот дел од сезоната

Еуро Никел стигна до уште една победа во Првата кошаркарска лига откако во 22. коло славеше над Ангели со убедливи 104-72. Вицешампионот кој се наоѓа во серија од пет натпревари без пораз ја оправда фаворитската улога и ја зголеми победничката низа во пресрет на вториот дел од сезоната кој го започнува со вкупно 14. победи.

Избраниците на Самарџиев текот на натпреварот го назначија уште од самото отварање, а и покрај тоа што Ангели успеаја да останат во резултатска неизвесност по првата четвртина (19-15), домашниот тим одигра одлично во нападот до крајот на првото полувреме. Високите играчи во „сино-бело“ до диктираа темпото во нападот, добраната беше на ниво па кавадарчани стигнаа до предност од 47-29.

Работите не се променија ниту на отварањето на второто полувреме. На центрите поентерски им се приклучија и бековите за кои гостите од Скопје немаа решение па со тројката на Караколев со звукот на сирената преднсота достигна дотогаш највисоки 71-44. Последната четвртина беше само формалност во која акцентот беше ставен на нападот па Еуро Никел успеа и да ја надмине границата од сто постигнати поени.

Обрад Томиќ и Предраг Самарџиски беа лидери на Еуро Никел со по 14 постигнати поени на кои Македонецот додаде и 6 скока. Со 13 поени нив ги следеше Караколев, додека со по 10 поени натпреварот го завршија и Соколов и Џекиќ. 18 поени и 6 скока за гостите забележа Адријан Наумоски, додека дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции додаде Грифин Раме.

Се вчитува...