Еуро Никел го „преплива“ Црн Дрим

Еуро Никел влегува во серија на победи откако по триумфот над МЗТ 2 во претходното коло, сега славеше и на гостувањето во Струга против Црн Дрим со 72-79, во заостанатиот натпревар од шестото коло. Двата тима на денешната средба не ги служеше шутот од далечина, но кавадарчани ја добија играта под рекетот, а клучна улога имаше новото засилување Роберт Рикиќ кој во дебито во „сино-белиот“ состав забележа дабл-дабл учинок, започнувајќи го дуелот од клупата.

Домаќините блеснаа на почетокот на средбата, во првата четвртина постигнаа 31 поен, наспроти 19 на составот од Кавадарци, меѓутоа искусниот состав на Самарџиев веќе до полувремето ја стопи високата разлика на 45-41. „Сино-белиот“ состав веќе во третата четвртина го превзема водството (59-62), а одигра искусно во завршницата кога одолеа на налетот на домаќините и приреди крај на дуелот.

Предводник на домаќините со 19 поени и 7 скока беше Габриел Кошкоски, додека него го следеше Жао Марсело со 18 поени и 9 скока. Прво име во редовите на гостинскиот состав со 22 поени и 13 скока беше новото засилување Роберт Рикиќ, додека 16 поени, 7 скока и 5 асистенции додаде Дарко Соколов.

Се вчитува...