Еуро Никел по продолженија подобар од ФМП Академија, ТФТ без проблеми против Црн Дрим

Феноменален натпревар одиграа ФМП Академија и Еуро Никел во кој славеше гостинот со 89-94. Гостите пододбро го отворија натпреварот и играа одлично во првото полувреме кое го добија со 33-48. Сепак, тимот од Кисела Вода заигра одлично во вториот дел, особено во последните десет минути каде на противникот му дозволи само 13 поени и успеа да го одведе мечот во продолженија. Таму подобро се снајдоа кошаркарите на Еуро Никел и стигнаа до седмиот триумф во сезоната. Дарко Соколов со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Крстајиќ постигна 34.

ТФТ без поголеми проблеми славеше над Црн Дрим со 113-82. Струшкиот тим имаше сила да биде во егал со ТФТ само едно полуреме и на пауза успеа да замине со негатива од само пет поени 54-49. Сепак, во третата четвртина дојде до израз разликата во квалите, па до крајот на мечот буквално се одеше во прилог на домаќините. Шелман со 19 и Андерсон со 18 беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај поразените Арсоски заврши со 16 поени.

Се вчитува...