Еуро Никел подобар од Вардар во премиерниот меч во Суперлигата

Кошаркарите на Еуро Никел го совладаа Вардар нагости со 82-92 во премиерниот меч од новата сезона во кошаркарската Суперлига на Македонија.

Гостите одлично го отворија натпреварот и со феноменална игра во нападот во првата четвртина стигнаа до 28 поени и до десет разлика предност (18-28). Втората четвртина помина во егал, а на полувреме се замина со предност на гостите од (38-48).

Третата четвртина помина во одличен напаѓачки ритам на двете страни, во кој за нијанса подобри беа гостите кои успеаја позитивата од полувремето да ја зголемат за три поени (60-73). Последната четвртина домаќините ја стартуваа со неверојатна серија од 16-4 и на четири минути до крајот на мечот дојдоа до само минус еден (76-77). Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која гостите сепак успеаја да ја задржат предноста за конечна победа од 82-92.

Каплановиќ со 22 и Марзет со 21 поен беа први имиња во победничкиот табор, додека кај Вардар се истакна Њус со 23 поени.

Се вчитува...