Еуро Никел преку МЗТ Скопје 2 на чекор до Суперлига

Еуро Никел се најде на чекор до пласман во Суперлигата откако на отварањето на 20. коло славеше над МЗТ Скопје 2 со 91-82. Вицешампионот важеше за фаворит за средбата, а улогата ја потврди уште од самиот почеток за висока предноста која беше доволна за мирен финиш и нови два бода.

Домаќините уште на самото отварање го назначија текот на натпреварот. Еуро Никел ја доби првата четвртина со 32-19, а продолжи во ист ритам и до крајот на полувремето за зголемување на предноста на 56-36. Високата предност им дозволи на домаќините да се опуштат во вториот дел од мечот, но и покрај тоа што падна високото темпо во нападот на избраниците на Самарџиев, МЗТ Скопје 2 не успеа да ја намали негативата по 30. минути игра (74-55), но го ублажи поразот во последните десет минути кои ги доби со 17-27.

Обрад Томиќ беше лидер на домаќините со 20 поени и 8 скока, Димчевски додаде 15 поени и 4 асистенции, додека со дабл-дабл од 12 поени и 13 скока мечот го заврши Златев. По 19 поени за гостите постигнаа Рансом и Петровски на кои Американецот додаде 9 асистенции, додека Македонецот 8 скока.

Се вчитува...