Еуро Никел прв го совлада Феникс во „Јане Сандански“

Кошаркарите на Еуро Никел први успеаја да го совлада новајлијата Феникс 2010 во СЦ ‘Јане Сандански’ во 18. коло од кошаркарскиот шампионат откако во драматична завршница славеа со 84-88. Во изедначениот натпревар двата тима ја менуваа предноста, а победникот беше одлучен во последните секунди благодарение на мирната рака на кавадарчани од линијата за слободни фрлања.

Добрата одбрана на Феникс донесе предност за домашниот состав уште од самиот почеток на натпреварот, но гостите на време успеаја да ги консолидираат своите редови и не дозволија негатива поголема од шест поени. Со влезот на Дубински и Самарџиски најдоа и решение во нападот па 10. минути игра стигнаа до минимално водство (18-19). Зонската одбрана продолжи да прави проблеми во организацијата на играта кај кавадарчани па избраниците на Дервишевиќ ја превземаа предноста, но и покрај постот на гостите не успеаја да поведат со значајна предност. Тоа го искористија искусните играчи на Самарџиев кои со две тројки и 2+1 стигнаа до предност од 25-34, а и покрај тоа што Трајковски одговори со два шута зад линијата 6,75 (31-34), изгубените топки не дозволија дополнително смалување на негативата, напротив донесоа лесни поени за Еуро Никел за 33-43 по првото полувреме.

Домашниот тим влезе во второто полувреме со нова енергија и веднаш го наметна својот ритам. Агресивната одбрана донесе лесни поени за експресно враќање во резултатска неизвесност, а и покрај тоа што Еуро Никел повторно се одлепи со тројките на Дубински,третата четвртина продолжи да биде во знакот на Феникс, а агресивната одбрана адут на ‘виолетово-жолтите’. Изгубените топки и контролата на скокот продолжи да носи лесни поени за домаќините кои поведоа со 61-58 пред одлучувачката четвртина. Во неа кавадарчани ја искористија предноста во висина и го превземаа водството, но тајмаутот на Дервишевиќ ги консолидираше редовите на домаќините кои стигнаа до негатива од само еден напад (66-69), а и покрај тоа што имаа неколку шанси за дополнително смалување на истото не реализираа во своите обиди.

Еуро Никел преку расположениот Дубински стигна до нова комотна предност (68-76), но ни гостите не ја задржаа истата. До крајот на мечот Феникс успеа да ја врати резултатската неизвесност по што следеше ‘пенал завршница’ во која мирната рака на Калахан и Николовски донесоа гостинска победа.

Се вчитува...