Еуро Никел со победа над Гостивар ја почна трката за плеј-офот

Кошаркарите на Еуро Никел со триумф над Гостивар од 82-72 го почнаа плеј-оф разигрувањето во Првата македонска кошаркарска лига.

Во натпревар кој мина низ максимално израмнета игра во првото полувреме, Еуро Никел до победата дојде со далеку подоброто издание од противникот во второто полувреме.

Веќе во третиот период од играта домашните се стекнаа со предност од осум поени разлика која дополнително се зголемуваше во последната четвртина за конечна победа од 82-72.

Најефикасен во победничкиот тим беше Соколов со 17 поени, а Џекиќ натпреварот го заврши со 16 поени. Дубински реализираше 15 поени. Во поразениот тим се издвои Рансом со 16 поени и шест асистенции.

Се вчитува...