Еуроникел со голем пресврт во вториот дел го совлада Куманово

Кошаркарите на Еуроникел го совладаа Куманово на гостински терен во 19. коло во Суперлигата на Македонија. Тимот од Кавадарци со голем пресврт во вториот дел, успеа да слави со осум разлика (67-75).

Првите две четвртини завршија во корист на Куманово. Првиот период заврши 22-17, а вториот со 17-14, за предност од осум на полувремето (39-31).

Меѓутоа неверојатен пад на домашниот тим, и разигран гостин кој пресвртот го направи уште во третиот период, кој го доби со неверојатни 22:9. Во последната четвртина Куманово се обиде да се врати, меѓутоа Еуроникел на крилата на одличниот трет период, го доби и четвртиот со 19:22 за конечен триумф.

Залудни беа 23 поени на Марјановиќ од Куманово, а Ѓекиќ во победничкиот тим беше најефикасен со 16 поени.

Се вчитува...