Ева Петровска ја уништи конкуренцијата на 1500 метри на отвореното првенство на Србија во пливање

Една од најдобрите македонски пливачки, Ева Петровска стигна до златниот медал на трката на 1500 метри на отвореното првенство на Србија во пливање. Таа делницата ја помина за време од 17:25.35 минути што беше за неверојатни 50 секунди подобро од второпласираната на трката Надја Лазаревиќ од Србија. Времето кое што го постави Петровска е за дури десет секунди побрзо од времето кое што го постави на Светското првенство во Гвангжу во 2019 година.

За потсетување Петровска претходно се закити и со две сребра на трките на 400 и 800 метри исто така слободно.

Се вчитува...