Ева Петровска со најдобар личен резултат на Светскиот пливачки куп во Будимпешта

Младата македонска пливачка Ева Петровска имаше успешен настап на ФИНА Светскиот пливачки Куп во Будимпешта. Таа беше поканета од унгарската пливачка федерација како една од десетте млади олимписки таленти и настапи во две дисциплини во кои постигна најдобри лични времиња како  и најдобри македонски резултати за 2018 година на 400 метри слободно и на 800 метри слободно.

Делницата на 400 метри слободно таа ја преплива за 4:29.61 минути, а таа на 800 метри ја исплива за 9:18.77 минути. Ева Петровска има 14 години и дел од проектот „Олимписки надежи“ на ПФМ.

Се вчитува...