Евертон ја надмина кризата од четири натпревари без победа во Премиер-лигата откако во 9. коло го совлада Фулам на гостински терен со 2-3. Калверт Луин уште во првата минута донесе водство за гостите. Рид во 15. минута израмни на 1-1. Во 29. Кавлерт Луин со својот втор гол зголеми на 1-2, а до крајот на полувремето за 1-3 погоди Дукуре.
Домаќините заиграа подобро во вториот дел, но годинава немаат среќа со изведувањето на пенали, бидејќи и на овој меч нереализираа, а овој пат трагичар беше Кавалеиро. Сепак, до крајот успеаја да намалат преку Лофтус Чик во 70. минута.
Евертон со победата се искачи на шестото место на првенствената табела со 16 бода, додека Фулам останува 17. со четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА