Евертон останува без Рос Баркли?

Фудбалерот на премиерлигашот Евертон, Рос Баркли прикажува одлични партии оваа сезона во дресот на „карамелите“, со тоа привлекувајќи го вниманието на останатите клубови.

Тотенхем, Чесли и Арсенал се интересираат за негов ангажман, а според медиумите од Италија, и челниците на калчолигашот Рома минатата седмица имале состанок со раководството на Евертон и се распрашувале за ангаман на Баркли на „Олимпико“.

Евертон е подготвен да се разздели со Баркли за сума од 25 милиони фунти. Тој е член на „карамелите“ од 2010 година и досега настапи на вкупно 131 меч, постигнувајќи и 19 погодоци.

Се вчитува...