Евертон загуби и од Њукасл (ВИДЕО)

Најголемото изненадување на стартот на новата сезона во Премиер-лигата по одличниот почеток полека, но сигурно влегува во резултатска криза. По поразот во минатото коло од Саутемптон, овој пат „карамелите“ загубија и на гостувањето кај Њукасл со 2-1.

Херој за домашниот тим беше Калум Вилсон кој беше стрелец на двата гола. Прво во 56. минута од пенал, а потоа и во 84. До крајот Калверт Луин успеа само да го ублажи поразот во 91. минута. И покрај поразот Евертон останува втор со 13 бода односно три помалку од лидерот Ливерпул. Њукасл е 10. со единаесет бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...