Евгениј Поп Ацев победник на Купот на Македонија во далечинско пливање

Најдобриот македонски маратонец, Евгениј Поп Ацев победи на последната трка од Купот во далечинско пливање на Македонија кој се одржа на велешкото езеро Младост.

Во фото-финиш, на трката долга 5 километри, во навистина тешки услови за пливање поради постојаниот ветер на езерото, Поп Ацев само за еден замав на раката беше подобар од својот најголем конкурент Алексaндар Илиевски.

Во женска конкуренција триумфираше Јана Костадиновска.

Велешкиот куп во далечинско пливање, на кој учествуваат во слободното пливање 44 пливачи од Македонија и од Бугарија, беше последен од четирите во организација на Пливачката федерација на Македонија, по претходните во Преспа, Крушево и во Охрид.

Се вчитува...