Евро-гол на Милинковиќ-Савиќ, Лацио обезбеди настап во ЛШ… (ВИДЕО)

Лацио со триумф против Каљари од 2-1 во 35. коло од Серија А и дефинитивно си го обезбеди својот настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Иако Каљари поведе на мечот со голот во 45. минута, Лацио во вториот дел дојде до пресврт. Милинковиќ-Савиќ со евро-гол во 47. минута израмни на 1-1, а Имобиле во 60. минута ги постави конечните 2-1.

 

По овој триумф „лацијалите“ со 72 бода и дефинитивно, на три кола до крајот, си го обезбедија четвртото место на табелата кое обезбедува настап во Лигата на шампионите.

Се вчитува...