Точно девет дена пред почетокот на сезоната 2026/27 Евролигата на официјалниот сајт ја објави низата на правила (и објаснување на истите) кои ќе важат на премиерниот Суперкуп, а потоа и во текот на сезоната во двете најсилни европски натпреварувања, во Евролигата и во Еврокупот.
Најголемите промени се однесуваат на дефиницијата на „движење за шут“ при досуден прекршок, како и укинувањето на терминот „неспортска лична грешка“.
Кај скок-шутот и било кој друг шут од движење, акццијата за шут почнува од оној момент кога играчот тргнува со рамениците и со топката нагоре, во правец на кошот. Новина е тоа што за да биде третирано како акција на шут, кошаркарот мора да биде во напаѓачката половина од теренот, па веќе нема да можат да се изнудуваат прекршоци за три слободни фрлања со изнуден фаул на сопствената половина.
За разлика од вообичаените ФИБА-правила, Евролигата кога станува збор за техничките грешки реши да ја приближи својата регулатива до онаа на НБА-лигата. Така, неспортска грешка веќе престакнува да постои како термин, а техничките грешки ќе бидат поделени во две категории.
Првата катеегорија се однесува на непримерна комуникација кон судии, провоцирање на противник, симулирање на прекршок. Техничка грешка од втора категорија не знали и исклучување, а во неа спаѓаат одолговлекување, задржување на обрачот по забивање…
Наместо досегашниот неспортски фаул се судат две сосема нови различни прекршоци:
Првиот се однесува на нарушување на играта со што противникот се става во неповолна состојба, но самиот старт не е груб за да биде окарактеризиран како флагрантен фаул. Такви примери се запирање на контранапад или намерен фаул со кој се запира времето пред крајот на четвртината.
Најтежок вид на прекршок е таканаречениот флагрантен фаул, за кошаркарски потег кој е нелигитимен, невнимателен, насилен или опасен. Казната за двата вида прекршоци е иста како и онаа што беше до лани за непосртски прекршок, со таа разлика што флагрантниот фаул повлекува и автоматско исклучување на кошаркарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
