Новата сезона во Евролигата започна со два трилер натпревари, екипата на Дубаи во драматичен финиш со 78:77 го совлада Реал Мадрид, додека Баерн Минхен со 84:86 славеше над Хапоел Тел Авив.
Тимот на Дубаи кој сезонава има највисоки амбиции, тоа го потврди во дуелот со Реал Мадрид од кого минатиот викенд загуби во полуфиналето на Суперкупот, и во драматичен натпревар ги совлада „кралевите“.
Првата четвртина му припадна на Дубаи (20:16), но Реал беше одличен во вторите десет минути кои ги доби со 18:28 и на пауза замина со предност од шест поени (38:44).
Во второто полувреме се играше израмнета кошарка, Дубаи експресно ја анулира негативата и ја врати неизвесноста која траеше до последниот свиреж на сирената.
Во финишот поблиску до победата беше Реал кој на три минути до крајот имаше предност од 71:77. До крајот, Кралевите не постигнаа ниту еден поен, а Дубаи со серија 8:0 дојде до триумфот. Одлучувачките поени ги постигна Мекинли Рајт на 51 секунда до крајот. Бејкон со 24 постигнати поени беше најпрецизен кај Дубаи, додека во редовите на Реал по 11 поени дадоа Луваву-Кабаро и Маледон.
Драматично беше и на натпреварот кој се играше во Софија, каде Баерн со 84:86 го совлада Хапоел Тел Авив.
Баварците на стартот од последната четвртина имаа предност од дури 18 поени (57:75), но кошаркарите на Хапоел успеаја да се вратат во игра, на 89 секунди до крајот дури и поведоа со 84:83 по поените на Елајџа Брајант. Но, Јоханес Воитман на 34 секунди до крајот постигна тројка за конечни 84:86 за Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
