Европските првенства за ракометарки со 24 репрезентации

Европскиоте женски ракометни првнества од 2024 година ќе бидат проширени и наместо до досегашните 16 ќе бидат со 24 репрезентации соопшти ЕХФ. На состанокот на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација во Копенхаген биле прифатени препораките на работната група која проценила дека ракометот ќе има голем беинфит од прширувањето.

Во следниот период ќе бидат направени промени и во квллафикацискиот систем, а ЕХФ ги повикува заинтересираните земји да учестуваат во наддавањето за организација на прошитниот шампионат, особено се охрабруваат заеднички кандидатури од повеќе држави.

Со оваа одлука, женските првнества им се приклучуваат на машките кои од 2020 ќе бидат со 24 репрезентации. Домаќини на ова првенство ќе бидат Шведска, Австрија и Норвешка.

Во Копенхаген беа извлечени квалфикациските групи за пласман на следното Европско првенство. Македонскиот состав за противници во циклусот кој стартува во септември ги доби Португалија, Чешка и Шведска.

Се вчитува...