Поради повреда, македонскиот интернационалец во дресот на Фенербахче Езгјан Алиоски, ќе мора да паузира во следните 2-3 недели. Тоа значи дека ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на годинава, каде што лидерот на табелата ќе треба да гостува кај Трабзонспор и да игра дома со Хатајспор, а можеби и нема да игра на мечот со Анталијаспор предвиден на 3. јануари.
Станува збор за истегнување на мускул и болки во препоните што ги доживеал за време на тренинг.
„Алиоски му беше утврдено истегнување од втор степен и има болки во препоните што ги доживеа на тренинг. Ќе започне со тренинзи после 2-3 недели откако ќе добие соодветен третман“, се вели во соопштението на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА