Фабрегас ги посети пријателите во Барселона

По победата над Арсенал, Сеск Фабрегас отпатува во Барселона да се види со своите пријатели. Фабрегас постигна гол против „својот“ Арсенал во победата на Челси со 3-1, а по натпреварот реши слободниот ден да го искористи во својот роден град, со стари пријатели, Џерард Пике и Лионел Меси.Со ѕвездите на Барселона, Фабрегас играше заедно во младинските категории.

Меси исто така овој викенд постигна гол за Барселона во дуелот со Атлетик Билбао. По напорниот викенд и ѕвездите на Барселона уживаа во опуштена атмосфера во друштво со Фабрегас. Средбата на старите пријатели во Барселона, ја овековечи Меси со фотографија што ја објави на Инстаграм со едноставна порака „ручек со пријателите“.

Се вчитува...