Фабрегас има супер-бабичка: На 95 години го победи коронавирусот

Цеск Фабрегас на својот профил на инстаграм се пофали дека неговата прабаба е медицински феномен, на 95 години успевајќи да го победи коронавирусот. Општо познато е дека вирусот Ковид-19 е многу поопасен за највозрасните старосни групи, но прабабата на Фабрегас е исклучок од ова правило.

„Има 95 години и го победи коронавирусот. Нејзиниот тест вчера беше негативен. Мојата прабаба е суперхерој, но ништо немаше да бие возможно без помошта на докторите и медицинските сестри кои им помагаат на сите овие луѓе. Огромна почит за секој од нив, за сето она што го прават деноноќно“, напиша Фабрегас на инстаграм-профилот, со фотографија од својата „супер-бабичка“.

Шпанскиот ас претходно се реши за фантастичен гест, одбивајќи воопшто да зема плата за овие четири месеци, пари што ќе бидат насочени кон административците во клубот.

 

View this post on Instagram

 

95 years old and she overcame the coronavirus. Yesterday her tests came back negative. My great-grandmother is a superhero but nothing of this would be possible without all the help of the nurses and doctors that are helping all these people. All my respect to everyone of them for what they are doing day and night, a big thank you!!!! ❤️ • Ha superado el coronavirus con 95 años. ¡Ayer el test salió negativo! Mi bisabuela es una superheroína, pero nada de esto sería posible sin la ayuda de todxs lxs enfermerxs y doctorxs que se están dejando la vida en cada instante para que todos/as podamos estar mejor y vivir un poco mejor en estos tiempos tan difíciles. Gracias a todas las personas del Remei de Arenys de Munt por el sacrificio tan grande que hacen por estas personas mayores. Todo nuestro respeto!!!! Nada es imposible. Gracias!!!! ❤️??

A post shared by Cesc Fàbregas (@cescf4bregas) on

Се вчитува...