„Фалангата“ се групира – Поддршка за Македонија во Вадуз (ФОТО)

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Швајцарскиот „разгранок“ е дефинитивно најпрепознатливиот од македонската иселеничко-навивачка „Фаланга“… Така дефинитивно ќе биде и вечерва во Вадуз каде македонската фудбалска репрезентација од 20:45 часот го игра квалификацискиот натпревар за СП 2018 во Русија против Лихтенштајн.

Со тоа што, овој пат, македонски иселеници и од Австрија, Јужна Германија и Северна Италија ќе бидат на помош на избраниците на Игор Ангеловски. Според најавите се очекува околу 700 Македонци од трибините на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуз вечерва да ги бодрат македонските фудбалери. Првите групи, на два часа пред почетокот на мечот, веќе пристигнуваат на стадионот кој е со капацитет од 6.500 седишта.

Се вчитува...