Фановите избраа: Волејот на Тијаго, гол на сезоната во ЛШ

Тијаго Алкантара е добитник на наградата за најубав гол во сезоната во Лигата на Шампионите во изборот на навивачите, за фантастичниот погодок на асот на Ливерпул на дуелот со Порто.

Стручното жири на УЕФА пред неколку дена го избра овој гол само на десеттото место на својата ранг-листа, но за фановите немаше дилема – овој волеј на Шпанецот на Ливерпул е погодок број 1 во ЛШ за наредната сезона. Второто место му припадна на Лео Меси за голот против Манчестер Сити, додека третопласиран е Алекс Телес од Манчестер Јунајтед.

Голот со глава на Карим Бензема против Челси, што беше избран за најубав од стручното жири, го освои само четвртото место според гласовите од фудбалските фанови ширум Европа.

Се вчитува...