Фановите на Марсеј со огномет ги будеа играчите на Тотенхем во текот на ноќта (ВИДЕО)

Навивачите на Олимпик Марсеј во текот на ноќта испалија огномет во близина на хотелот каде што престојуваа играчите и стручниот штаб на Тотенхем, со цел да ги вознемират пред вечерашниот дуел.

Француските фанови не бираат средства за нивниот тим да стигне до триумф вечерва, триумф кој ќе ги однесе во 1/8 финалето.

Натпреварот се игра вечерва на „Велодром“ во 21 часот. На Олимпик му одговара само триумф за да го продолжи патот во следната фаза, додека на лондонскиот тим му одговоара и нерешено.

Се вчитува...