Фановите на Шкендија со марш низ улиците на Тетово во чест на жртвите од пожарот

Фановите на прволигашот Шкендија, Балисти денеска со почеток од 13.30 часот ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите во катастрофалниот пожар. Голема трагедија го погоди Тетово откако вечерта на 8. септември се запали модуларната ковид болница во овој град која однесе петнаесет жртви.

Маршот ќе започне од централниот плоштад во градот под Шара, а ќе продолжи низ главните улици на Тетово. Се очекува на маршот да им се приклучат и други граѓани.

Се вчитува...