Фантастични најави од Германија: Халер се враќа на тренинзите на Борусија во јануари

Според германски „Билд“, играчот на Борусија Дортмунд Себастијан Халер, кому му беше дијагностициран рак на тестисите при што правеше операции и хемотерапии, би можел да се врати наскоро на тренинзите на својот тим.

Голгетерот од Брегот на Слоновата Коска, беше поканет на финалниот натпревар во Катар викендов, а сега „Билд“ најавува дека се договорил со раководството на Борусија, да биде приклучен на тренинзите на својот тим.

Медиумот пренесува дека две недели после операцијата, Халер се чувствува одлично и дека напредува добро со рехабилитацијата, и дека се очекува многу брзо да се стави во „погон“ за негово враќање на терените. Ова се фантастични вести за играчот и за цела германска фудбалска јавноста која му испрати пораки на поддршка на голгетерот кој дојде од Ајакс за замена за Халанд кој направи трансфер во Манчестер Сити.

Се вчитува...