Битигхајм е без пораз по првите шест кола од втората Будес-лига, а најзаслужен за тоа е Мартин Томовски откако македонскиот голман бранеше брилијантно и на денешниот дуел со Лудвигсхафен.
Битигхајм славеше со конечни 29-24, а во главна улога повторно беше Томовски, кој имаше уште еден меч за паметење на голот на победничката екипа.
Македонецот имаше 16 интевенции со одлични 40% успешност, со што Томовски уште еднаш покажа дека е најдобар голман во втората Будес-лига сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

