Фантази Премиер лига предлози на MOZZART за овој викенд

Совети во составување на тим и типувања пред третото коло на Фантази Премиер лига.

Во претходното коло беше срушен рекордот по бројот на постигнати голови во едно коло од Премиер лигата. Напаѓачите беа одлично расположени, мрежите на Островот се тресеа 44 пати, поради што овој пат се вративме со намера да ги „бркаме“ токму нив – головите. Минатата недела не одеше според планот – Фантази викендот знае често да тргне наопаку, па ние ќе се потрудиме да се подобриме што е можно повеќе овој викенд. Сепак, капитените се погрижија да не биде толку лошо во двете рунди. Барем оние што ви ги предложивме. Сите во претходната рунда – Обамејанг, Хамес Родригез, а особено Хари Кејн – вредеа да се „дуплираат“. За ова ги предлагаме Кевин де Брујне, Тим Вернер и уште еднаш Кејн. Сега да преминеме на предлозите, а вие напишете ги вашите…

Вилфрид Заха (4,5) – повеќе, квота 2.70

Еден од играчите со кои дефинитивно вреди да се проба, колку поради квотата, толку и поради границата. Заха оваа сезона во новата формација на Кристал Палас (4-4-2) доби нова, уште поофанзивна улога. Во тандем со Џордан Ају игра во самиот шпиц на нападот и се чини дека е уште поопасен од претходните сезони, ако тоа воопшто е можно, во не толку офанзивната лондонска екипа. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска со три гола, прво против Саутемптон, а потоа и Манчестер Јунајтед, е најзаслужен што Палас по две кола има максимален учинок, и заедно со Мохамед Салах има најмногу поени (23) од било кој друг играч за врска, што е дополнителна причина да го имате Заха, како во својот тим, така и на тикетот. Бидејќи, не заборавајте, голот на играч за врска носи бод повеќе во однос на напаѓачот, а Заха во Фантази Премиер лигата е заведен како играч за врска, иако заедно со Ају е најистурен.

Тимо Вернер (4,5) – повеќе, квота 1.80

Во претходните две кола немаше конкретен учинок. Навистина, во Фантази Премиер лигата му е запишана асистенција за пеналот направен над него и тоа против ВБА беше сосема доволно да ја “прескокне“ границата. Меѓутоа, веруваме дека е време и Германецот да ја “отвори сметката“ во дресот на лондонскиот тим. Подобра прилика од мечот со „Црешите“ тешко дека ќе добие. Тимот на Славен Билиќ во воведните две кола прими најмногу голови, дури осум, и не гледаме како против „Сините“ нешто може да се промени, иако екипата секако ќе добие на искуство со доаѓањето на Бранислав Ивановиќ, чие деби се очекува баш в сабота.

Крис Вуд (4,5) – повеќе, квота 2.90

И овој пат се обидовме да “ископаме“ некој од рубриката “вреди да се проба“ и се надеваме дека тоа би можел да биде Крис Вуд. Со голот против Лестер на премиерата претходниот викенд – Барнли не играше во првото коло – Новозеланѓанецот продолжи со одличната форма од претходната сезона, врзувајќи четврта првенствена средба на која се запиша во листата на стрелци. Да напоменеме, Вуд е “главен“ на својот Турф Мур. Претходната сезона на домашен терен упати 41 удар кон противничките голови, 36 од шеснаесетникот, од кои 19 завршија во рамките на голот и во сите три споменати колони беше лидер на својот тим. Неговите бројки се импресивни и кога ќе го споредиме со другите звучни имиња, Вуд на Турф Мур влезе во 19 последователни шанси, колку и Мохамед Салах, Маркус Рашфорд и Тами Ебрахам на своите терени. Дефинитивно вреди да се проба, со оглед на понудената квота.

Хари Кејн (5,5) – повеќе, квота 1.80

Поискусните Фантази играчи знаат дека не треба да се брза со измени по само едно неуспешно коло. Јар Кејн и Хеунг Мин Сон уште еднаш потврдија дека тука има и тоа каква вистина. Дуото на Тотенхем во претходното коло против Саутемптон меѓу себе подели огромни 45 поени и се оддолжи за трпението на ретките кои ги оставија во својот тим по бледата средба против Евертон на отворањето на сезоната. Овојпат сме повеќе насочени кон Кејн, првенствено поради ниската граница (Сон – 7.5), но и поради нешто подобриот учинок на англискиот напаѓач против Њукасл. На вкупно девет меча на кои стартуваше против „Страчките“, Кејн постигна пет гола, додека Сон на пет има два погодоци и асистенција.

Кевин де Брујне (7,5) – повеќе, квота 1.95

Белгиецот има нова, доста поофанзивна позиција. Улогата на “десетка“ е баш по негова мерка, го покажа тоа на теренот, а потоа и призна по мечот со Вулверхемптон. КДБ на соиграчите им креира шест шанси за гол, упати четири удари во рамките на голот и натпреварот го заврши со погодок и асистенција на своето конто. Лестер е стопостотен по две кола, но во двете беше доста несигурен во одбраната. Против ВБА помина неказнето, меѓутоа сè му беше наплатено против Барнли, кој во два наврати ја тресеше мрежата на Лисиците.

Џек Грилиш (5,5) – повеќе, квота 2.55

Сите оваа сезона ќе ја разгледуваат листата на играчи и ќе гледаат кој ги одмерува силите со Фулам. И нема ништо погрешно во тоа. Фулам, заедно со ВБА, е главен фаворит за испаѓање, што беше потврдено во претходните две кола во кои заедно примија седум гола. Од ниско просечната одбрана на Скот Паркер би можел да профитира и Џек Грилиш, првата ѕвезда на бирмингемската екипа. Во првото коло застана на три поени и сега е добар момент да го поправи бодовното салдо. Во претходната сезона сè одеше преку 25-годишниот Англичанец – единствено Де Брујне имаше повеќе клучни додавања од него – а мечот со Шефилд минатата недела покажа дека ќе биде исто и во новата натпреварувачка година. Грилиш константно е вклучен во игра, презема одговорност за сите прекини, вклучувајќи ги и пеналите, што е само причина плус Грилиш да оди во “плус“ в понеделник навечер.

Погледни ги сите квоти на Mozzart обложувалници на овој линк и одиграј веднаш.

Се вчитува...