„Федерер е позабавен од тоа што го мисли јавноста“

Тренерот на легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, Северин Лути вели дека тој е далеку позабавна личност од тоа што го мисли јавноста.

„Има многу работи кои луѓето не ги знаат за Роџер. Тој е многу позабавен од тоа што го мисли јавноста, тоа е една од работите која ретко кој ја знае. Луѓето го гледаат како робот и само како голем тенисер, но ние што го познаваме знаеме колку знае да биде забавен“, вели Лути. 

Тие двајца соработуваат скоро една деценија, а Лути е дел од тренерскиот тим на Роџер од 2013 година, кога го замени Пол Анакон.

Се вчитува...