Федерер и Вон се на „видео-кол“ (ВИДЕО)

Најтрофејниот тенисер во историјата Роџер Федерер е голем пријател на најуспешната скијачка во историјата Линдзи Вон. На нејзината последна трка како дел од телевизиско интервју, изненадување на Вон беше јавувањето на Федерер.

„Те видов кога падна на супервелслалом, ти честитам за се, те следев, знам колку се трудеше да се вратиш последниве неколку месеци“ – и рече Федерер на американската скијачка ѕвезда.

„Ќе дојдам на Вимблдон, очекувам добро да играш“ – му возврати воодушевената Вон.

Линдзи Вон со бронзен медал во спуст на Светското алпско скијачко првенство ја заврши богатата кариера. Таа е скијачката со 82 победи во Светскиот куп, најмногу во историјата во женска конкуренција, а на второ место е генерално зад легендарниот Ингемар Стенмарк кој има 86 триумфи.

 

 

 

 

Се вчитува...