Федерер има идеја: Машкиот и женскиот тенис конечно да се обединат

Роџер Федерер вели дека сега е „вистинското време“ за обединување на двете тела кои ги раководат машкиот и женскиот тенис. Тој смета дека двете институции треба да го искористат овој лимбо период кога тенисот е во прекин поради коронавирусот и да станат една асоцијација.

„Обединувањето на АТП и на ВТА досега веќе требаше да се случи. По кризава можеме да излеземе со две слаби или со една силна институција“  – вели Федерер.

Ваквиот повик, 20-кратниот грен-слем шампион го објави со серија статуси на Твитер. Идејата има начелна согласност и од претседателот на АТП, а Федерер отворена поддршка доби и од Симона Халеп.

 

 

 

 

Се вчитува...