Федерер имал ултиматум: За две години да стане професионалец или да се врати во училиште

Роџер Федерер на почетокот од кариерата имал проблеми со канализирањето на нервозата за време на тениските мечеви и со тоа предизвикувало срам кај неговите родители. Легендарниот Швајцарец раскажува дека татко му му поставил ултиматум кога имал 16 години – за две години да стане професионален тенисер, во спротивно да се врати на училиште. Родителите на Федерар плаќале по 30.000 швајцарски франци за неговите тренинзи, но имале сериозни дилеми околу неговиот капацитет да стане професионален тенисер.

„Кога бев јуниор постојано се критикував себеси и на секоја размена на страните кршев рекет. Моите родители го гледаа тоа и се срамеа. Сфатив дека не смеам да го правам тоа. Процесот беше долг, ми помогна психолог, ми требаа две години да најдам совршен баланс меѓу страста и сталоженоста“ – објаснува Федерер.

Роџер Федерер е освојувач на 20. грен-слем титули, во август ќе наполни 39 години, објави дека нема да игра тенис до крај од оваа година, а како клучни приоритети за 2021 години ги најави Вимблдон и Олимписките игри во Токио.

 

 

Се вчитува...