Федерер: На тенисот му се потребни промени, инаку ќе ги загубиме младите

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер смета дека се потребни сериозни промени во тенисот.

Според Федерер, кој сега во пензија има повеќе време да размислува за новините кои му се неопходни на белиот спорт, вели дека ако не се освеже тенисот со новини навивачите се помалку ќе го следат, а други спортови ќе го преземаат приматот.

„Сакам да има повеќе „шаренило“ во тенисот. Потребно ни е освежување, ни требаат нови методи, нови идеи. Ако нема такво нешто, младите ќе одат на фудбал или некој друг поатрактивен спорт“ – вели Федерер.

Тој околу тоа каков совет би му дал на дете кое сака да стане како него или Килијан Мбапе, ќе рече.

„Најважно е да го сакате она што го работите. Понекогаш треба да тренирате малку понапорно отколку што сакате. Талентот постои во различни форми, тоа е работа, техника, организација, логистика, со кого се опкружувате. Но, работата е суштинска. Се лежи во работата“ – смета Федерер.

Се вчитува...