Федерер: Не сум мотивиран за тенис, не ми недостасува!

Бројни тенисери, меѓу кои и Рафаел Надал, се вратија на тренинзите во очекување на рестартот на сезоната. Но, тоа не му доаѓа на крај памет и на Роџер Федерер кој вели дека воопшто нема мотивација за враќање на тенисот.

„Од операцијата која ја имав во 2016 година не се случило дури два месеци да ги минам дома. Мора да бидам искрен и да признам дека не тренирам, едноставно не гледам зошто. Сега е важно да се одморам. Не ми недостасува тенисот. Воопшто не сум мотивиран за тенис, но кога ќе дојде време да се вратиме на терен секако ќе бидам мотивиран“ – вели Федерер, и дополнува:

„Не можам да замислам играње пред празни трибини. Се надевам дека тоа нема да се случи. Не би можел да играм големи турнири без гледачи“.

Се вчитува...