Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објави дека бил приморан да направи уште еден оперативен зафат. Тој на крајот на февруари го оперираше десното колено, поради што доколку не се појавеше пандемијата на коронавирусот тој ќе се вратеше за сезоната на трева. Сепак, новите случувања во светот и суспензијата на тенисот, тој реши да подлегне на уште една операција за да може да биде подготвен за следната година.
„Драги навивачи, се надевам дека сте безбедни и здрави. Пред неколку седмици направив чекор назад кон моето опоравување, па морав да заминам на уште една брза артоскопска прцедура на десното колено. Сега, како што беше случај и пред сезоната 2017, планирам да одвојам потребно време како би бил подготвен 100 отсто да играм на највисоко ниво. Ќе ми недостасуваат навивачите и противниците и едвај чекам да ги видам сите повторно во 2021 година“, напиша Федерер на социјалните мрежи.
Швајцарецот во моментов се наоѓа на 4. позиција на АТП листата, а годинава настапи само на Австралија опен, пред ширењето на епидемијата на коронавирусот и прекинувањето на сезоната.
— Roger Federer (@rogerfederer) June 10, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА