Федерер се враќа на терените!

Тренерот на Роџер Федерер, Северин Лути говореше околу фазата на опоравување на Швајцарецот. Федерер по Австралија опен направи две операции на коленото и покрај пандемијата од коронавирусот објави дека за него сезоната е завршена.

„Роџер е добро. Опоравувањето оди одлично, но тоа не е изненадувачки кога на работите гледате позитивно. Работи физиотерапија, а веќе почнува и со физички понапорни работи. Следниот чекор е да почне да работи со рекет, а очекуваме тоа да се случи на средината на август“, изјави Лути. 

Федерер на турнирите би требало да се врати на стартот на 2021 година, како подготовка за Австралија опен.

Се вчитува...