Федерер: Знам дека се ближи крајот…

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер изјави дека се уште не размислува за пензионирање и дека се уште ужива во играњето тенис, а една од целите му е освојување на медал на Летните олимписки игри во Токио следната сезона, но и дека е свесен дека крајот е се поблиску.

„Свесен сум дека крајот е се поблиску. Не знам што ќе се случи во следните две години. Затоа планирам година за година. Се уште уживам во играњето тенис и не размислувам многу за пензија. Одиме по ред. Прво ги гледам целите за следната година. Сакам да освојам медал за Швајцарија на Летните олимписки игри во Токио. Тоа е мојата цел за 2021 година“, изјави Федерер. 

Искусниот Швајцарец по годинашниот Австралија опен замина на операција на коленото, поради која и доколку се врати тенисот годинава ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Се вчитува...