Федерика Брињоне најбрза на велеслаломот во Оре

Италијанската скијачка Федерика Брињоне е победничка на велеслаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која утрово се возеше во шведскиот ски-центар Оре.

Брињоне до победата стигна со вкупно време од 2:11.02 минути што беше за 33 стоти делови од секундата подобро од второпласираната домашна натпреварувачка Сара Хектор. Подиумот го надополни Швајцарката, Лара Гут Бехрами која доцнеше 40 стотинки зад времето на победничката.

Во конкуренција на велеслалом на една трка до крајот Лара Гут Бехрами има 95 бода пред Федерика Брињоне и е на чекор до својот прв мал кристален глобус во оваа дисциплина.

 

Се вчитува...