Фелаини од лето се сели во Галатасарај

Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини по завршувањето на оваа сезона ќе се раздели со Манчестер јунајтед. Негова следна дестинација ќе биде Турција, каде ќе го носи дресот на Галатасарај. Според медиумите од Турција, тренерот на Галата, Фатих Терим, успеал да го убеди Фелаини да го облече дресот на еден од најдобрите турски клубови.

Фелаини треба да потпише четиригодишен договор со Галатасарај, со опција за продолжување и за уште една дополнителна сезона, доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Се вчитува...