Фелипе Маса: Чудно е кога се пензионираш, па се враќаш

На крајот од минатата сезона, Фелипе Маса (35) објави дека ја завршува кариерата во Формула 1 и беше официјално испратен во пензија од неговите навивачи на трката за ГН на Бразил. Но, неколку седмици подоцна, Маса реши да ја одложи пензијата и да извози уште една сезона. Бразилецот ја смени одлуката бидејќи од Вилијамс побарале да им помогне во неочекуваната ситуација по која се најдоа по заминувањето на Валтери Ботас во Мерцедес на местото на Нико Розберг.

Следниот месец на трката за ГН на Австралија со која ќе биде означен стартот на новата сезона во Ф1, Маса одново ќе седне во болидот.

Целата ситуација беше малку чудна за мене бидејќи веќе го преживеав крајот на кариерата, во неверојатна атмосфера благодарение на исклучителната публика во Бразил. Но, потоа Клер Вилијамс кој ми беше поранешен шеф, ме замоли да се вратам, затоа што му требам на тимот за уште една година. Бев малку изненаден, но сите, и моите фанови и семејството настојуваа да го направам тоа што го сакам и едноставно, го следев срцето. Буквално, никој не ми кажа – не се враќај“ – раскажува Фелипе Маса.

Новите правила, враќањето на широките пневматици и силната конкуренција најавуваат неизвесна сезона во Формула 1. Маса вели дека е подготвен да одговори на предизвикот.

Силно сум мотивиран да продолжам, сакам да се натпреварувам и да се борам со конкуренцијата. Се уште сум во добра форма и подготвен сум за уште една сезона. Се надевам дека болидот ќе биде добар. Правилата ќе бидат нови за сите, што мене ми се допаѓа, затоа што ќе може да ги користиме како во 2014“ – вели Маса.

Се вчитува...