Фелпс: Бев кретен и будала, Џордан ми ги „отвори очите“

Најдобриот олимпиец во историјата, легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс вели дека Мајкл Џордан му ги „отворил очите“ и го изменил неговиот поглед на спортот.

„Џордан ми беше идол во детството. Сакав да станам Џордан во пливањето. Во потполност ја промени и унапреди кошарката до неверојатни височини. Најблиску кажано сите велеа дека сум кретен. Гледајќи од оваа дистанца јас би се сложил со нив. Бев будала додека тренирав бидејќи сакав да им помогнам на сите да бидат како мене. Сите заедно работевме како тим, иако пливањето е индивидуален спорт“, изјави Фелпс. 

Фелпс е убедливо најтрофејниот олимпиец во историјата. Тој на ЛОИ освои неверојатни 28 одличја, од кои 23 се златни.

Се вчитува...