Фенербахче изгоре во белградскиот пекол

Црвена Звезда со фантастична одбрана во неверојатна атмосфера во Белград успеа да го земе скалпот на Фенербахче, совладувајќи го поранешниот првак на Европа со резултат 68-56. „Црвено-белите“ умешно ги затвоите приодите кон сопствениот кош, гостите од Истанбул немаа шутерски ден, па вториот пораз во низа на тимот на Жељко Обрадовиќ беше неизбежен.

Фенербахче се приближи на 53-51 со тројката на Али, но по тајмаутот на домашниот тренер следеше серија од 5-0, Црвена Звезда повторно се одлепи резултатски и на крајот заслужено триумфираше. Лоренцо Браун со 13 поени беше најефикасен кај шампионот на АБА-лигата, додека во таборот на Фенербахче најрасположен беше Нандо де Коло со 19 постигнати поени.

Европскиот првак ЦСКА славеше на првиот домашен меч сезонава против Баерн Минхен со убедливи 79-68. Рускиот гигант делуваше моќно, го контролираше резултатот и не им дозволи на гостите да стигнат до изненадување во Москва. Најефикасни во таборот на ЦСКА беа Клибурн со 15 поени и Фоигтман, кој оствари дабл-дабл од 10 поени и 12 скокови.

Се вчитува...