Феникс 2010 „десеткуван“ ќе го пречека непоразениот Пелистер

По репрезентативната пауза прволигашката кошарка продолжува утре со натпреварот помеѓу Феникс 2010 и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“, меч во кој новајлијата во потрагата по нова заштита на „тврдината“ нема да може да смета на четири кошаркари.

Андреј Митревски и Амар Хот поради повреди стекнати со репрезентацијата нема да му бидат на располагање на Денис Дервишевиќ, најверојатно и за дуелот со Гостивар, а младиот стратег против лидер на табелата нема да може да смета ниту на Џош Вилијамс и Ерик Дејвис бидејќи станува збор за заостанат натпревар од 14. коло.

Тоа воедно ја отвoра шансата за докажување на останатите млади кошаркари во тимот, но јасно е дека на новлијата кој сеуште не знае за пораз на домашен терен нема да му биде лесно да го зачува епитетот непоразен и по осминиот натпревар во „Јане Сандански“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...