Феникс 2010 ја најде замената за Куртис Џоунс

Феникс 2010 пред само неколку дена остана без Куртис Џоунс кој својата кариера ќе ја продожи во Џи-лигата, а неговата замена е Ерик Дејвис Џуниор. Американецот во редовите на новалијата доаѓа од косовското првенство, а има искуство од настапи и во Германија и Србија.

За Раховечи одигра само четири дуели на кои забележа просек од 27.8 поени, 5.3 скока и 3.0 асистенции по натпревар, притоа постигнувајќи 43 поени во натпреварот против Башкими. Во Германија го носеше дресот на Оринџ Академи, додека во српското првенство настапи за Младост Земун.

193 сантиметри високиот бек колеџ кариерата ја помина во редовите на Тексас и се очекува во потполност да го покрие отстуството на Џоунс.

Се вчитува...