Феникс 2010 раскина со Ахмад Кларк

Ахмад Кларк повеќе не е кошаркар на Феникс 2010 откако клубот го раскина договорот со американскиот плејмејкер. Причината е непрофесионалноста на 25-годишникот кој повеќе пати го прекрши клупскиот правилник, а последната капка која ја прелеа чашата беше настапот во полуфиналето од Купот на Македонија каде против МЗТ Скопје одигра само 34 секунди.

Кларк беше дел од новлијата од почетокот на сезоната, носејќи го „виолетово-жолтиот“ дрес одигра 14 натпревари на кои забележа просек од 10.3 поени, 4.1 скока и 3.9 асистенции по натпревар при што даде добар придонес во осумтте победи на сензацијата на сезоната.

Замената на Кларк се очекува да биде Џош Вилијамс кој веќе настапи за младиот тим во еден натпревар во првенството како и во Купот на Македонија каде постигна 10 поени и 3 асистенции, а покрај Вилијамс за стартната позиција очекувањата се да се бори и 19-годишниот Марин Петков.

Се вчитува...