Кошаркарите на Феникс Санс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 100-92 во четвртиот натпревар од четвртфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА-лигата, и со тоа ја вратија предноста на домашен терен.
Второпласираната екипа од лигашкиот дел од сезоната ќе биде домаќин на Лејкерс во мечот број пет, а потоа серијата се враќа во Калифорнија. Актуелните шампиони имаа максимални 11 поени предност на почетокот на втората четвртина (36-25), но Санс со серија од 18-4 свртеа на 43-40 и испратија порака дека нема да се предадат лесно.
Гостите од Аризона играа во третата четвртина на нивото во кое беа во поголемиот дел од првенствениот дел од сезоната, а во последните 12 минути влегоа со огромна предност од 16 поени и резултат од 81:65.
Лејкерси се обидоа да ја намалат негативата, сепак, Феникс ги контролираше минутите на теренот и без многу потешкотии стигнаа до вториот триумф.
Шест од деветте играчи на кои сметаше Монти Вилијамс имаа двоцифрен перформанс, а Крис Пол беше најефикасен со 18 поени. Леброн Џејмс беше осамен во тимот од Калифорнија во поголемиот дел од натпреварот и истиот го заврши со 25 поени (10/21 од натпреварот), 12 скока и 6 асистенции, Марк Гасол додаде 12, Кајл Кузма 11, Алекс Карузо 10, а Ентони Дејвис само 6.
Резултати:
Атланта – Њујорк 113-96 (3:1)
ЛА Лејкерс – Феникс 92-100 (2:2)
Бостон – Бруклин 126-141 (1:3)
Далас – ЛА Клиперс 81-106 (2:2)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА